Турција започна со изградба на огромен воен комплекс за својот одбранбен персонал наречен „Турски Пентагон“.



На церемонијата за поставување камен темелник во понеделникот, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека новиот комплекс во форма на Месечина и ѕвезда ќе „предизвика страв“ кај непријателите на Турција.

Комплексот ќе се протега на 12,5 милиони квадратни метри – односно 900 квадратни метри затворен простор – и ќе прими до 15.000 членови на персоналот, пишува Хјуриењт Дејли Њуз.

Само за споредба, американскиот Пентагон има 650.000 кадратни метри.

Градбата треба да има форма на симболите на турското знаме.