Ердоган му се закани на Харадинај дека „му доаѓа крајот“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика косовскиот премиер Рамуш Харадинај да преземе одговорност околу несогласувањето за депортацијата на шестмина членови на движењето на Фетхуллах Ѓулен во Турција.
Заканата на Ердоган дојде само неколку часа откако косовскиот премиер нареди истрага за екстрадицијата на 6 ѓуленисти и ги казни шефовите на безбедносните шефови.
Петмината наставници од мрежата на Ѓулен и еден лекар беа вратени во Турција во четвртокот во тајна операција, спроведена од Министерството за внатрешни работи на Косово и шпионската служба заедно со турската Национална разузнавачка организација (МИТ).
Но, по вонредната седница на советот за национална безбедност Харадинај рече дека го отпуштил министерот за внатрешни работи Фљамур Сефай и шефот на разузнавањето Дритон Гаши за нивното учество во операцијата, но и дека не го информирале премиерот Харадинај.



На ова реагираше туркиот претседател кој праша: „Харадинај кажи по чиј инструкции работиш? Од кога ги штитиш оние кои се обидоа да извршат државен удар во Турција? Заборавивте ли дека ние ве признавме веднаш по САД? Како е можно да браниш пучисти, откако ве прегрнавме како браќа? Ќе си платите за тоа“, рекол Ердоган, како шренесува приштински „Коха Диторе“.
Според турскиот водач, „кариерата на Рамуш Харадинај наскоро ќе биде завршена“.

Инаку, свештеникот Фетула Ѓулен отворен непријател на турскиот претседател, кој сега живее во самонаметнат егзил во Пенсилванија, беше обвинет од Анкара дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година
Децата на високи политичари во Косово, вклучувајќи ги и на претседателот Хашим Тачи, одат во училишта финасирани од Ѓулен.