Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин за прекин на војната во Украина.
Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера имал телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски и со британскиот премиер Борис Џонсон во врска со руско-украинската војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денес ќе продолжи со разговори со челничката на Европската Унија и премиерот на Канада. Утре ќе разговара и со рускиот лидер Владимир Путин“, рече Калин во обраќањето пред новинарите во Истанбул.
Турција се залага за зачувување и почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Украина во рамките на меѓународното право. За барањата на Русија, велат дека треба да се преговара, а не да има војна.
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека луѓето во Донбас не се кучиња скитници, и наведе дека годишно се убиваат 13-14 илјади луѓе.
Тој посочи дека раководството на Киев мора да сфати дека, доколку продолжат во истиот дух, ќе се појави прашањето за украинската државност.





