Ердоган ќе попушти за Финска и Шведска во НАТО, само ако…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ги повика Шведска и Финска прво да престанат да ги поддржуваат терористичките групи кои се борат против Анкара пред да очекуваат тој да го поддржи нивното членство во НАТО, објави Дојче веле.



Кабинетот на Ердоган соопшти дека претседателот ја споделил загриженоста и со шведските и со финските лидери за Курдската работничка партија (ПКК), против која турската влада се бори од 1980-тите, и движењето на Абдула Ѓулен, кое Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар во 2016 година.

Ердоган му рекол на финскиот претседател Саули Ниинисто дека одбивањето да се справи со терористичките групи кои се закануваат на сојузникот на НАТО нема да биде во духот на воената алијанса, соопшти неговиот кабинет.

Тој, исто така, и кажал на шведската премиерка Магдалена Андерсон дека „мора да престане политичката, финансиската и оружената поддршка на Шведска за терористичките организации“.

Ердоган, исто така, рече дека треба да се укине ембаргото за оружје од двете страни, наметнато на Турција по нејзината инвазија на Сирија во 2019 година против курдската милиција Народна одбрана.