Турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган ќе ја отвори реконструираната Али Пачина џамија во Охрид, јави ТВ Сител.
Обектот на кој три години се градеше минаре беше причина за протести на Охриѓани кои бараа да запре, според нив, нелегалната градба.
Амбасадорката на Република Турција во Македонија , нејзиниот тим како и претставници од муфтиството од Охрид денеска извршија контрола на верскиот објект а официјалното отворање на кое се очекува да присуствуваат претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган премиерот Заев и претседателот Пендаровски ќе биде закажано кога ќе се најде заеднички термин.
И покрај реакциите дека минарето се гради цели три години под превезот на проектот за реставрација и конзервација без одобрение за градба за амбасадорката Тулин Еркал Кара нема ништо спорно таа вели дека верскиот објект е изграден согласно договорот помеѓу двете земји.





