Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина минималната старосна граница за пензионирање, потег што ќе им овозможи на повеќе од 2 милиони луѓе веднаш да се пензионираат, на помалку од шест месеци пред изборите во земјата, пишува Ројтерс.
Минатата недела, владејачката Партија на правдата и развојот значително ја зголеми минималната плата како дел од кампањата за собирање поддршка, потресена од инфлацијата, падот на турската лира и остриот пад на животниот стандард.
Пред оваа одлука, минималната возраст за пензионирање беше утврдена на 58 години за жени и 60 години за мажи.

Ердоган, најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право веднаш да се пензионираат. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.







