Ердоган им порача на ЕУ и САД да си „гледаат работа“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган енеска ги обвини САД и Европа за „мешање“ во турските прашања по изјавите од Запад околу резултатите од локалните избори, кои неговата АКП партија ги обжали по шокантниот пораз во Анкара, Измир и Истанбул.



САД ја повикаа Турција да ги прифати резултатите, а ЕУ побара од Анкара да им дозволи на избраните функционери слободно да го практикуваат добиениот мандат.

Ердоган ги отфрли забелешките и им рече на САД и Европа „да си седат кај што се“.

„Америка и Европа се … мешаат во внатрешните работи на Турција“, вели Ердоган според кој „Турција им даде демократска лекција на целиот свет“.

Но, партијата на Ердоган побара пребројување на гласовите во Истанбул повикувајќи се на неправилности, со оценка дека голем број гласови се поништени, со што се оштетени нејзините кандидати.