Ердоган го претстави првиот турски автомобил


„Денес сме сведоци на историскиот ден кога 60-годишниот сон на Турција се остварува“, рече Ердоган на церемонијата во провинцијата Кочаели во северозападна Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој го претстави прототипот на првиот турски автомобил, кој треба да се појави на пазарот за три години.



Првиот обид Турција да произведе сопствен автомобил бил во 1961 година, но проектот стигнал само до прототип.
Турција има развиен сектор за производство на автомобили, но тоа се главно подружници или партнери на меѓународни производители на автомобили.
„Турција стана земја која не е само пазар за нови технологии, туку и земја која ги развива, произведува и извезува во светот“, рече Ердоган.
Производството се очекува да започне во 2022 година со конзорциум од пет турски индустриски компани.

Првиот оригинален турки автомобил ќе биде електричен, во пет различни верзии, а се очекува годишно да се произведуваат по 175.000 автомобили во фабриката што ќе се гради во градот Бурса.