Турскиот претседател Реџеп Ердоган повика да се организира донаторска конференција на муслиманските земји за да ѝ се помогне на Албанија да се справи со последиците од земјотресот.
„Го повикувам целиот исламски свет да ја поддржи Албанија. Сите ние мора да застанеме покрај Албанија во лекувањето на повредените или да ги заштитиле оние чии домови се урнати или оштетени“, рече Ердоган во воведното обраќање на годишниот состанок на Организацијата за исламска соработка, на која се разговараше за економски прашања.
Турскиот лидер додаде дека Турција испрати воени карго-авиони, екипи за итни случаи и конвои со хуманитарна помош за Албанија.