Ердоган ги изгуби Анкара и Истанбул

Турскиот претседател Тајип Ердоган доживеа тежок удар откако неговата владејачка партија АК, на локалните избори ја изгуби контролата над главниот град Анкара – за прв пат по скоро две децении – додека се уште не е јасна ситуацијата во Истанбул каде опозицијата тврди дека победила.



Турски медиуми објавија дека кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (МСП), Мансур Јавас, освои јасна победа во Анкара, но во мултимилионскиот Истанбул ласовите се речиси изедначени.

Според партијата на Ердоган, нејзиниот кандидат и поранешен премиер Бинали Јилдирим го порази својот ривал Екрем Имамоглу со само 4.000 гласови, додека Имамоглу тврди дека има водство од 28.000, при непреброени 2.000 гласови.

Шефот на турскиот изборниот одбор изјави дека кандидатот за градоначалник на Истанбул од оозицијата  води со 4,16 милиони, наспроти  кандидатот на владејачката АКП кој добил  4.13 милиони гласови

Поразот во Истанбул, каде што Ердоган ја започна својата политичка кариера и претходно беше градоначалник, ќе е повеќе од симболичен удар за претседателот.