Турција веќе шести ден се бори со пожарите во кој веќе има осум загинати на неколку десетици лица се хостипализирани.



Властите објавија дека 122 од 129 шумски пожари во 35 провинции се под контрола.

Но, пожарите што ги опустошуваат популарните туристички одморалишта Бодрум и Мармарис се’ уште беснеат, а бројот на жртвите во неделата се искачи на осум, јавуваат турски медиуми.

За време на викендот, туристите, персоналот на хотелот и локалното население мораа да бидат евакуирани со чамци од популарните дестинации Бодрум и Мармарис

Се уште се шпекулира за причините за пожарите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека еден од пожарите бил предизвикан од деца.

Тој посети некои од најзагрозените области и прогласи состојба на природна катастрофа во погодените области, и вети помош.

За можните причини за пожарот Ердоган порача: . “Ќе ви го откорнам срцето кога ќе дознаеме кој сте. Веќе има некои индиции и ќе направиме што е потребно”.

Турските власти се цел на критики бидејќи противпожарните авиони не се во функција, но три изнајмени руски авиони го гаснат пожарот. Ердоган рече дека авиони пристигнале и од Украина, Русија, Азербејџан, Хрватска и Шпанија.