Ердоган: Атина ќе плати!

Меморандумот, одобрен од турскиот парламент минатата недела со кој, наводно, се дефинира турско-либиската поморска граница, ги засили тензиите меѓу Турција и Грција, Кипар и Египет окоплу тоа кој има право на експлоатација на нафта и гас во источниот Медитеран.



Грција минатата недела го протера либискиот амбасадор во Атина, бидејќи не успеа да ги открие содржините на договорот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека одлуката на Грција да го протера либискиот амбасадор по договорите потпишани од Триполи и Анкара на поморските граници е меѓународен скандал и дека Атина „ќе ја плати цената на тој меѓународен потег“.

Тој за турската државна телевизија ТРТ Хабер изјави дека според договорот, Турција и Либија можат заеднички да работат во источниот Медитеран, пренесува грчкиот портал „Катимерини“.

Ердоган додаде и дека Турција ќе набави уште еден брод за изведување бушотини да продолжи со активности на Средоземното Море, но и во Црното Море и во меѓународните води.

Потпишаниот меморандум предизвикува „сериозна загриженост“, вели министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеф Борел.