Ердоган ѝ се закани на Грција: „Една вечер ненадејно ќе дојдам “

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини Грција дека ги окупира островите во Егејското Море кои имаат демилитаризиран статус.



Тој се закани дека Анкара е подготвена да го направи „тоа што е потребно“ кога ќе дојде време.

Говорејќи на саемот за воздушна технологија во Самсун, Ердоган ја нападна соседна Грција, со која растат политичките и воените тензии.
Иако и двете членки на НАТО, Турција и Грција имаат повеќедецениски спорови за неколку прашања, вклучително и територијални претензии во Егејското Море и несогласувања за воздушниот простор таму.

Турција тврди дека Грција ги прекршува меѓународните договори со милитаризирање на островите во Егејското Море.
„Кога ќе дојде време, ќе го направиме она што е потребно. Како што велам, една ноќ може да дојдеме ненадејно“, рече денеска Ердоган.

Тој ја потсети Грција на историјата. „Ја препорачувам Грција да погледне во историјата. Ако Атина отиде предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да и кажеме на Грција, а тоа е да ја потсетиме на Измир“, рече Ердоган при посетата на северната провинција Самсун.

Измир е провинција на западниот брег на Егејското Море во Турција, позната и по тоа што пред ѝ100 години грчките сили биле протерани од тоа место од турските сили.