Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека има намера да разговара по телефон со руските и украинските колеги.
„Сонуваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши во мир што е можно поскоро, но се чини дека настаните се развиваат негативно од ден на ден“, рече Ердоган.
„Во понеделник ќе имам телефонски разговори со (претседателот) на Русија и (претседателот) на Украина. Ќе продолжиме да ги повикуваме страните да користат канали на дијалог и дипломатија“, посочи турскиот лидер.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за РИА Новости потврди дека разговорот на Путин со Ердоган е планиран за денеска.
Ердоган вели дека Русија нема да гледа позитивно на пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО.
Русија „Не поддржува влез на ниту една скандинавска земја во НАТО“, изјави Ердоган на новинарите вчера по враќањето од посетата на Азербејџан.







