Епископ Јаков: Посета на бугарскиот поглавар ќе биде чест за Македонија

Околу скорешна посета на поглаваротна Бугарската православна црква Неофит на Македонија, денес во Софија  македонскиот епископ Јаков рече дека би ни било драго и би бил огромен благослов за нашата Црква и нашиот народ.



Епископотако како претставник на МПЦ-ОА првпат лета со бугарската владина делегација до Ерусалим од каде ќе биде земен благодетниот оган.

Тој од аеродромот во Софија ги поздрави двата народа со зборовите Христос Воскресна.. Г

„Тоа што се случува во последните години е сведоштво за една нелицемерна и братска љубов и сведоштво дека Христос навистина Воскресна и дека сме едно во Христа, изјавил епископот Јаков за бугарската агенција БГНЕС пред заминувањето од Софија со бугарската владина делегација за Светата земја од каде треба да биде земен Благодатниот оган.

Бугарскиот патријарх Неофит вели дека с’е уште не е донесена одлука за негова посета на Македонија, но ова прашање се биде разгледано во иднина.

Во одговор на новинарско прашање дали тоа ќе биде набрзо со оглед на тоа што благодарение на неговите напори „православни браќа од Македонија“ ќе го добијат Благодатниот оган од Ерусалим преку БПЦ за Велигден тој одговори:  “Досега не сме разговарале за ова прашање. Ќе има дискусии и тогаш ќе се одлучи како да се изведе тоа “,