Епидемиолог: Пандемијата допрва доаѓа!

„За да ја надминеме ситуацијата во следните неколку месеци треба да промениме некои работи. Пандемијата всушност дури сега ќе почне. И во Германија“, предупреди водечкиот германски епидемиолог, Христијан Дростен.



Во говор на Светската здравствена конференција во Берлин тој предупреди дека премногу рано се славел успехот на Германија во справување со корона-кризата.

„Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот“, рече Достен за „Шпигел“ според кој коронавирусот не е лабораториски изум, туку природна катастрофа.