ЕП во среда ќе гласа за новата Европска комисија

Европскиот парламент во среда ќе гласа за тимот на Урсула фон дер Лејн, со што ќе биде отворен патот новата Европска комисија на 1 декември да почне со работа, изјави претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли.



Гласањето ќе следува откако Европскиот совет ќе ја поддржи новата ЕК, која ќе брои 27 члена, откако Велика Британија одби да номинира кандидат пред изборите на 12 декември во земјата, пренесува Танјуг.

Процесот на формирање на ЕК, кој започна во септември, се покажа како потежок отколку што се надеваше Фон дер Лејен, откако пратениците ги отфрлија првичните номинации од Франција, Романија и Унгарија, а потоа ги прифатија нивните замени.