ЕП расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген

Европскиот парламент на денешниот состанок во Стразбур ќе расправа за влезот на Бугарија и Романија во Шенген зонаа.



Се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ кои сакаат да бидат вклучени во неа.

Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген се и Хрватска, Кипар и Ирска.

Сепак, за тоа да се случи е неопходно едногласност во Советот на ЕУ.

Ова прашање не беше приоритет на француското претседателство, кое заврши на крајот на јуни.

Кругови блиски до до претседателот Емануел Макрон беа мотивирани од фактот дека прво мора да го средат Шенгенот пред да примат нови земји таму.

Засега на овој чекор и понатаму се спротивставува Холандија.