Европскиот парламент ќе испрати мониторинг мисија во Бугарија по воведените санкции од САД, пренесува Њуз.бг.
Групата за набљудување од Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи во ЕП составена од 14 претставници на сите парламентарни групи во ЕП, се очекува да дојдат во Бугарија во септември или октомври.
ЕУ нема да примени контрамерки против САД, а Бугарија е најкорумпираната земја-членка на Унијата, според Транспаренси Интернешнл.
Амриканските санкции наложуваат замрзнување на сите средства на поранешниот пратеник и медиумски магнат Делјан Пеевски, државниот службеник Илко Желјазков и бегалецот – коцкарскиот тајкун Васил Божков, на кои како и на уште тројца им е забранет влез во САД..







