ЕП ѝ предлага на ЕУ да стане воено понезависна од САД

Европскиот парламент чера ја повика Европската унија да ја зајакне одбранбена соработка и инвестиции меѓу 27-те членки за да стане понезависна од САД по повлекувањето на Америка од Авганистан, објави Ројтерс.



„ЕУ мора да инвестира во воен надзор, разузнавање и стратешки воздушен транспорт“, се вели во резолуцијата одобрена од Стразбур.

Парламентот гласаше 536 за, 96 против и 50 воздржани.

Во необврзувачката резолуција се нотира неспособноста на европските сили да обезбедат аеродром како Кабул за евакуација без американска поддршка.

Парламентот, исто така, го критикуваше американското планирање за повлекување од Авганистан, за кое пратениците на ЕУ велат дека било еднострано и во отсуство на координација со сојузниците во НАТО, од кои многу се членки на ЕУ.

Зависноста на Вашингтон од евакуација од Авганистан предизвика нови дискусии во Европската унија за формирање сили за брза реакција.

Напорите на ЕУ да создаде такви сили беа парализирани повеќе од една деценија, и покрај создавањето на систем на „борбени групи“ од 1.500 војници во 2007 година кои никогаш не беа искористени поради споровите околу финансирањето и неподготвеноста да се распоредат.