Главниот човек за енергетика на Зоран Заев контроверзниот српски државјанин Александар Обрадовиќ попладнево поднесол оставка од својата функција директор на државната компанија „Елем Трејд“ на која беше назначен годинава.
Обрадовиќ беше директор на Српското Електростопанство од каде замина со големи скандали по што тој му стана советник на Заев.
Оставката според извори во ЕЛЕМ Обрадовиќ ја дал затоа што очекувал да биде сменет од својата позиција по скорешната промена на власта но и затоа што не можел како добавувач овластен од државата да гарантира дека ги обезбеди соодветните количини на струја потребни за Македонија.

Само неколку часа предходно Обрадовиќ за ТВ Алфа изјави дека состојбата е драматична и побара одговорност за кризата.
“Македонија е во енергетска кризна состојба, која Владата ќе ја смирува со 65 милиони евра. Надлежните се обдиваат да ги смират граѓаните, но сепак, цехот, кој што ќе го платиме, ќе биде многу повисок. Состојбата на терен е безмалку драматична, а можело да биде поинаку, доколку на време се реагирало со подготовки.
За ова, меѓу другото, во ексклузивен разговор за Алфа, предупредува – Александар Обрадовиќ, директор на „Елем Трејд“, и екс советник за енергетика во Владата на Зоран Заев. Тој зборува, за пропуштени можности, но и за потреба од одговорност”, се вели во прилогот на Алфа.
Тој во интервјуто зборува и за клучните грешки на Владата во спречуваерто на ударот од енергетската криза. Обрадовиќ вели дека одговорност мора да се има, зашто сме пред енергетски колапс.
Инаку, токму Александар Обрадовиќ важи за контроверзен бизнисмен за кого медиумите во неговата матична земја имаат бројни критики и скандали не само за водењето на ЕПС туку и за мегаломански злоупотреби и трошење пари додека тој бил на оваа позиција.
Со сега веќе екс директорот на „Елем Трејд“, разговарал Борис Грујоски.
Целото видео интервјуто со Обрадовиќ:






