Енчев: Ако САД ја притиснеa Бугарија за Македонија, ќе отстапевме!

Според бугарскиот новинар, политичар и дипломат Велизар Енчев, ветото за старт на преговори на Македонија со Европската унија немало да го има ако Бугарија била притисната од САД.



„На темата РСМ, притисокот не е од Вашингтон, туку од Брисел, и со своето однесување раководството кај нас покажа дека се плаши само од раководсгвото во САД, а не и од ЕУ. Ако светскиот фактор што нè притискаше беше Вашингтон, а не Брисел, ние ќе отстапевме“, изјави Енчев за Бугарското национално радио (БНР).

Тој е уверен дека нема да има никаков ефект посетата на владиниот претставник Владо Бучковски на Софија, ниту дека нешто ќе сменат изборите во Бугарија во март.

„По парламентарните избори, ако ГЕРБ веќе не е на власт, ниту една друга бугарска влада, независно од тоа кој ќе биде на нејзиното чело, нема да си дозволи да ја премине оваа црвена линија која и ГЕРБ сега ни си дозволува да ја премине, а и нема право да ја премине“, објасни Енчев.