Српскиот режисер и музичар Емир Кустурица, пред 4 години беше фатен и обвинет во Романија, откако во рачен багаж му биле откриени 25 касети со куршуми од 9 милиметри.
Судењето за настанот кој се случил во 2015 година, завршило сега на 22 март, пишува романски „Observator“
На 24 октомври 2015 година, Емир Кустурица слетална аеродромот Банеаса со приватен авион кој полетал од Тиват, Црна Гора.
Муницијата која била во чантата на режисерот била откриена при рутинската контрола на еродромот.
Истиот ден беше отворена и кривичната истрага за шверц на оружје,а муницијата била запленета.
Истрагата на романските власти откри дека Емир Кустурица имал дозвола издадена од белградските власти за револвер со калибар од 9 мм, но немала дозвола за носење на 25 касети.
Во прилог на режисерот бил фактот дека тој немал претходно криминално досие.
Во јули минатата година Обвинителството во градот Буфтеи, на 20 километри од Букурешт, побара од судот да ја конфискува муницијата која била запленета во 2015.
Целиот случај се чувал во строга тајност, а дека на Кустуурица се у било простено говори и податокот дека тој во јули годинава ќе одржи концерт во еден романски град.




