„Македонските националисти ја наведнуваат главата кога македонскиот јазик се третира како дијалект на бугарскиот јазик и го спуштаат опашот кога се прават договори со соседите, со кои им се деформира нивниот национален идентитет. Македонците имаат фундаментален проблем да го дефинираат своето потекло, талкајќи од антиката до словенското потекло. Мнозина од нив го негираат своето српско, албанско, влашко, бугарско потекло.“ – вели Емин Аземи, новинар, публицист и писател од Скопје, во својата колумна со наслов „Да бидеш македонски националист има специфично значење“, објавена од страна на информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик, во која авторот изнесува тешки провокации и навреди кон македонскиот народ. Емин Аземи е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, највисокото државно признание за остварувања во областа на новинарството во 2018 година.
Во својата колумна Аземи пишува: „Да бидеш македонски националист има специфично значење. Еве зошто:
– затоа што ја наведнува главата кога македонскиот јазик се третира како дијалект на бугарскиот јазик, но блокира патишта и одржува протести кога грст албански ученици во некое село во Скопје бараат отворање паралелка на албански јазик… Во Битола не може да се отвори средно училиште на албански јазик, бидејќи тоа не го дозволува таканаречениот македонски национализам…
„– бидејќи прифаќа да се смени Уставот и во него да се внесе бугарското малцинство, но категорично одбива Албанците да бидат сметани како уставна категорија, именувајќи ги како ’20 проценти’ …
„– бидејќи просрпскoто со леснотија продира во македонското јавно мислење, а во меѓувреме се одбива новата реалност на соживот со Албанците… Македонците се уште го сметаат Охридскиот договор како капитулација, а го спуштаат опашот кога се прават договори со соседите, со кои им се деформира нивниот национален идентитет…“
„– бидејќи македонска партија има проблем да дојде на власт без гласовите на Албанците, а потоа Албанците се третираат како гледачи на трибините и дури и целосно се исклучуваат од ‘играта’. Македонците ја користат власта како средство, за да ги намамат Албанците со карамели, додека Албанците ја користат власта, за да ги вработат партиските милитанти и да се продолжи општествената агонија…“
– бидејќи Македонците имаат фундаментален проблем да го дефинираат своето потекло, талкајќи од антиката (ВМРО) до словенското потекло (СДСМ)…
„– бидејќи во централниот дел на Скопје можеш да слушаш српска музика, но никогаш не можеш да чуеш албанска музика…“
„Македонскиот национализам е премногу чуден. Тие се прават националисти само со Албанците. Ги има мнозина, кои се нарекуваат себеси Македонци, но во нивните домови, особено кај повозрасните, се зборува и албански,српски, бугарски, но тие категорички го негираат своето српско, албанско, влашко, бугарско потекло… Во такви околности да бидеш македонски националист е како да ја сечеш гранката, на која седиш и да ги затвораш очите пред корените, кои ти се растат под прагот на куќната врата…“
„Со Бугарите пилата им налета на клинец…“





