Емилија Динева е жената која спаси три животи

Емилија Динева е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.



На социјалните мрежи, голем број граѓани изразуваат сочувство до семејството, а Динева го доби епитетот „херој“.

https://www.facebook.com/andreja.dedovski/posts/10223826401834659

Со нејзиното срце беше извршена првата трансплантација во земјава, а по синоќешната операција тоа продолжи да чука во градите на 54-годишен пациент.

Во моментов во тек е трансплантација и на бубрезите кај два пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години биле на дијализа.

360 степени