Ембаргото за увоз на руска нафта не важи за Бугарија, а Србија е казнета

Земјите членки на ЕУ вчера го изгласаа осмиот пакет санкции против Русија, кој овојпат е насочен и кон ограничување на цената на нафтата што Русија ја извезува во трети земји надвор од ЕУ. Иако на инсистирање на Хрватска тука е вклучена и Србија бидејќи повеќе нема да може да увезува руска нафта преку Јанаф, сепак во овој пакет не е вклучена Бугарија.



Оваа одлука е донесена поради тоа што рускиот Лукоил има своја главна рафинерија во Бугарија. Со ова ЕУ го покажа своето лицемерие бидејќи има двојни стандарди кога се работи за увоз на нафта, што се покажа со примерот на Србија и Бугарија.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ е шокиран од ваквата одлука Бугарија, каде рускиот Лукоил има доминантно влијание на пазарот, да ја стави во привилегирана позиција и да ја казни Србија на брутален начин, поради инсистирањето на Хрватска и неколку други членки, што покажа дека ЕУ е несигурен партнер.

За Хрватска ова беше можност за директна одмазда кон Србија поради инсистирањето на Вучиќ и Србија на вистината за криминалната политика и геноцидот во Јасеновац.