Во интервју за германски „Handelsblatt“ шефот на најголемиот германски енергетски концерн E.ON, Леонард Бирнбаум, предупредува:
„Воведувањето на моментално ембарго би било болен удар за Германија и за цела Европа. Некои земји целосно или во голема мера се потпираат на руската енергија, а таквиот потег може да доведе до раскол во ЕУ“, рече Бирнбаум.
„Таков потег не само што би ја погодил тешко Германија, (туку и) Европа би имала огромен проблем. На пример, Словачка е целосно зависна од рускиот гас, а земјите како Чешка и Австрија најголемиот дел од гасот го добиваат од Русија. И во многу други земји на ЕУ Рускиот гас има значителен удел“, предупредува шефот на E.ON.
Според него, за прашањата околу гасот треба да се разговара на паневропско, а не на национално ниво.
„Ако мислиме дека можеме да ја снабдуваме Германија без да се грижиме за другите земји, тогаш тоа ќе доведе до раскол во ЕУ“, рече Бирнбаум.






