Ем празни рафтови по маркетите, ем лажни фактури од увозниците на овошје и зеленчук, кој губи, а кој добива?!

Рафтовите осамнаа празни низ поголемите маркети, откако беа замрзнати цените на овошјето и зеленчукот. Граѓаните револтирани, велат функционерите си ги покачија платите за сега да зборуваат за замрзнати цени на овошјето и зеленчукот. Покрај граѓаните, револтирани се и земјоделците бидејќи сметаат дека со ваквите потези владата го нарушува домашното земјоделство. Од Владата велат дека увозниците прикажувале лажни фактури, односно пријавиле поскапи цени во Царинската управа.



Министерот, Крешник Бектеши рече дека кај одредени производи ќе има зголемување но и дека кај одредени производи со одлуката за овошјето и зеленчукот цената не би надминала 100 денари. Бектеши не прецизираше дали доматите и краставиците се производите кои што ќе им ги овоможат на граѓаните по поскапа цена како резултат на Владина одлука за полесен живот на граѓаните.

Молк и од Државниот пазарен инспекторат кој треба д аги заштити граѓаните за случувањата по пазарите. Во дел од маркетите голем дел од производите ги нема, додека на пазарите со повисока цена.

Владата донесе нова одлука со која ги задолжи трговците што продаваат овошје и зеленчук да прибавуваат и да продаваат 70 проценти од количествата што ги продале во јануари и февруари.

Во меѓу време, точно 811 евра биле потребни да се има во џебот за да се преживее претходниот месец. Од пресметката на ССМ произлегува дека само за храна и пијалоци биле потребни 313 евра.