Елмази: Татковина е земјата која ти ги исполнува потребите на животот, а не причините за смртта

„Во напливот на млади луѓе, кои бегаат од с.Македонија, неодамна се најде и Валон Елмази, истакнат студент, кој што завршил политички науки на државниот универзитет во Тетово. На фејсбук тој објави за својата земја: ‘Татковина е земјата, која ти ги обезбедува и ти ги исполнува потребите на животот, а не причините за смртта. Припадноста е лага, измислена од политичарите и од властодршците, за да гинеме во одбрана на нивните интереси.’ – пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ја пренесува исцело објавата на Елмази на фејсбук:
„Ќе ја предадам татковината.
Глупаво е да браниш земја, која не ти обезбедува дом и дневен залак.
Болно е да ги оставиш своите најсакани и да тргнеш низ патиштата во светот, во потрага по она што не ни го дава нашата земја.
Татковината е земјата, која ти ги обезбедува и ти задоволува потребите на животот, а не причините за смртта.
Припадноста е лага, измислена од политичарите и властодршците, за да гинеме заради одбраната на нивните интереси.
Не верувам во идејата за смрт за доброто на татковината.
Татковината никогаш не губи, ние губиме секогаш.
Кога татковината оди во војна, тие секогаш ги повикуваат сиромашните, да ја заштитат.
Но, кога ќе заврши војната, бидуваат повикани само властодршците, за да си ги поделат меѓу себе пљачката, воениот плен и позициите.
Кога татковината е вовлечена во војна, само градите на кутрите и чесни херои се полнат со куршуми, а функционерите-предавници си ги полнат своите стомаци, своите џепови со пари.
Татковината е лага, ја измислија и поставија замислени граници, а ние верувавме во тоа.’ – напиша Валон Елмази на фејсбук.“



„Бројот на млади, кои ја напуштаат земјата во потрага по подобар живот, е секој ден се поголем и поголем.“