Втор натпревар едноподруго со погодок на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во Италија, овој пат во стилот на неодамна починатиот великан на неговиот Наполи, Диего Марадона, против Парма во Серија А.



Ако три дена претходно само ефектно заврши акција против Специја во Купот, сега 21-годишниот играч за врска на Наполи беше „сам свој мајстор“, претрчувајќи 40-тина метри и нанижувајќи тројца противнички играчи пред да го отвори резултатот во 32. минута.

Домаќинот славеше со 2:0 и остана во водечката петорка, а за Елмас ова е втор првенствен погодок сезонава, вкупно трет со тој од Купот.

Акцијата и голот на македонскиот фудбалски бисер се 12 секунди од почетокот на видеото: