Елмас му донесе победа на Наполи кај Аталанта (ВИДЕО)

Елиф Елмас го постигна победничкиот гол за Наполи на гостувањето во Бергамо кај Аталанта во 13. коло од италијанската Серија А.



Играчот за врска на фудбалската репрезентација на Македонија влезе во игра во 63. минута, а 11 минути до крајот стрелаше прецизно во долниот лев агол.

Претходно, Хвича Кварацxелија го доведе во водство шампионот од Неапол во 44. минута, а израмни Адемола Лукман во 53. минута.

Вториот првенствен гол на Елмас сезонава по тој во победата од 2:0 над Салернитана на 4 ноември исто така во гости е по 2:15 минути од поечтокот на видеото: