Елмас го запечати полуфиналето на Купот за Наполи (ВИДЕО)

Со својот гол во 40. минута за недостижни 4:0 против Специја, македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас стави печат врз триумфот на Наполи за пласман во полуфиналето на Купот на Италија.



Таму тимот на 21-годишниот играч за врска, кој сезонава има еден погодок и во Серија А, го чека Аталанта.

https://youtu.be/wEPVhejXQ80