Елена Ристеска ги кани граѓаните на ногодишен концерт на плоштад „Македонија“ – Данела засега не кани никого

Поп-пејачката Елена Ристеска на својот Инстаграм профил официјално сподели дека ќе пее за Нова Година на плоштад „Македонија“ во Скопје.



„На 31-ви декември, ве поканувам на лоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме новата 2023 година. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена“, напиша пејачката на Инстаграм.

Засега, официјално, сѐ уште не е објавена музичката програма за новогодишната ноќ, а официјална покана до граѓаните нема испратено ниту градоначалничката Данела Арсовска.