Елајте во Софија – Бугарски научник им нуди спас на Скопјаните од загадувањето

Еден од умерените бугарски јавни личности во односот кон Македонија Димитар Бечев нуди решение за жителите на Скопје кои се погодени од ужасното загадување на воздухот.



Бечев не им се обраќа со покана да дојдат во Софија на сите Македонци туку само на Скопјаните.

Во моментов Софија е многу помалку загаден град од Скопје но Бугарија останува една од членките на ЕУ со големо загадување од горење на јаглен.

Дел од граѓаните повикот на Бечев го сметаат за двосмислен во контекст на бугарските барања за македонската нација и јазик односно дека тој меѓу редови им порачува на Македонците да се приближат кон Бугарија.