Муса Џафери и екс министерот за правда и актуелен градоначалник на Сарај Блерим Беџети се во главни улоги во најновите аудио бомби објавени вечерва на Фејсбук.
Во бомбите се зборува за албанскиот јазик а се споменуват и Штип, Белград и УДБА како и сменетиот директор на Гинекологија Ваљон Беља.
Профилот Ел Чека за кого МВР објави дека побарало да биде блокиран од Фејсбук тврди дека бомбите се добиени од тројца членови на Кумановската група која лежи во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими.





