Ел Чека му се закани на Заев за обид за труење на Кумановската група во Идризово

Кичевчанецот Ел Чека кој објавува “бомби”од Чикаго а МВР за него бара асистенција од ФБИ продолжува со своите објави.



Денеска тој тврди дека власта сака да отруе тројца членови на групата од Диво Насеље и најави објавување на нови „бомби“, но и му се закани на премиерот Зоран Заев.

„Нашите браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи повеќе од било кога имаат потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од високото Обвинителство во Скопје, кој има албански чувствa, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затворот каде што ја издржуваат казната“, пишува на Фејсбук Ел Чека односно кичевецот А.Ш. кој објавува „бомби“ претежно за функционери на ДУИ.

“Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! Објавувањето на прислушувањата ќе се прави во утринските часови, бидејќи денес имавме многу пречки! #семолимезанив”, пишува Ел Чека.