Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска даде (можно) објаснување од каде потекнуваат прислушуваните разговори кои од Чикаго ги објавува кичевчанецот Шеќерим Ахмети кој на Фејсбук е познат како „Ел Чека“.
Според неа, бомбите не се од архивата на СЈО.
На прашање дека одново објавуваат и стари „бомби“ Јанева рече:
„Тие се јавно објавени, може да си ги презема од Јутјуб. Сега што да кажам за тие. Ајде поздрав…“
Најголем дел од „бомбите“ се однесуваат за ДУИ и најтесното партиско раководство, пренесува +Инфо





