Шест Колумбијци се уапсени во врска со атентатот врз претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио во еквадорската престолнина Кито, јавија медиуми.



Убиен кандидат за претседател на Еквадор (ВИДЕО)

Фернандо Вилависенсио беше убиен за време на предизборен митинг. Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба и тридневна жалост во земјата.

Мажите биле фатени како се кријат во куќа во Кито. Полицијата запленила четири ловечки пушки, пушка калибар 5,56 мм, муниција и три гранати, како и автомобил и мотоцикл.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор Хуан Запата го опиша убиството како „политичко злосторство од терористичка природа“ чија цел е саботирање на изборите на 20 август. Тој нагласи дека уапсените имаат врски со организираниот криминал.