Еквадор: Наркодилери ѝ објавија војна на државата – упаднаа и во телевизиско студио!

Претседателот на јужноамериканската држава Еквадор,  Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба поради вооружен конфликт во земјата, прогласувајќи 20 банди за шверц на дрога како терористички организации и овластувајќи ја војската да „неутрализира криминални фракции во рамките на меѓународното хуманитарно право“.



Еквадор западна во хаос и крвопролевање откако најозлогласениот водач на банда и нарко бос Адолфо Масијас, познат како Фито, избега од затвор во неделата.

Поради прогласувањето на воена состојба на Нобоа, криминалците започнаа бран напади внатре и надвор од затворот што резултираше со убиство на полицајци и затворски чувари и инвазија на телевизиска станица за време на пренос во живо.

Најмалку седум полицајци се киднапирани, а видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како тројца од киднапираните полицајци седат на земја под закана со пиштол, додека еден е принуден да прочита изјава упатена до претседателот Нобоа, пренесува АФП.

„Објавивте војна, ќе ја победите. Прогласивте вонредна состојба. Ние ги прогласуваме полицајците, цивилите и војниците за воен плен“, рече еден од нив.

Речиси 40 други затвореници, вклучително и уште еден осуден нарко-бос, побегнаа од друг затвор во градот Риобамба во раните утрински часови во вторникот.

Можеби најнапната и надреална ситуација беше во седиштето на телевизијата ТЦ. за време на информативна емисија, членовите криминална група насилно влегле да ги киднапираат сите членови на персоналот вклучувајќи го и водителот во живо на телевизија. Тие носеа јуришно оружје, експлозивни гранати, па дури и динамит.
Еден од криминалците земал парче динамит и го ставил на џебот од кошулата на водителката. Тие побараа од полицијата да се оддалечи од ТВ станицата и се заканија дека ќе ги убијат сите таму. Очекувано, секое киднапирано лице на станицата го молело претседателот да има милост и да покаже воздржаност.

Еквадорците се преплашени. Во минатото, оваа земја беше позната по своите вулкани, богата биолошка разновидност, па дури и како мирно одморалиште за постарите американски граѓани кои сакаа да уживаат во умерена клима и пониски трошоци за живот во пензија, пишува Гардијан.

Вакво нешто досега не сме доживеале. Отсекогаш сме се опишувале како остров на мирот. Но, вакво нешто се очекуваше – изјави Фернандо Карион, експерт за безбедност во Латиноамериканскиот институт за општествени науки во Кито.

„Стапката на насилна смртност во Еквадор беше пет на 100.000 жители во 2017 година. Сега е 46 – што ја прави 2023 година најсмртоносна година во историјата на земјата“, вели тој.

Според полициските извештаи, лани имало најмалку 7.592 насилни смртни случаи, во споредба со 4.426 во претходната година.