Бебето, наречено Аја од болничкиот персонал во сириски Африн, е родено под урнатините откако нејзината мајка загина во земјотресот во Сирија.
Докторот Хани Мааруф, кој бил на должност кога му го донеле бебето извлечено од урнатините, раскажува:
„Не бев ни сигурен дали е жива. Беше бледа, студена, тивка… Екстремитетите и беа сини, а телото прекриено со модринки“.
Потоа откриле слаб пулс и тој и неговиот тим бебето го завиткале во топли ќебиња и го ставиле во инкубатор, гледајќи додека не се загрее доволно за да најде вена и да ѝ биде дадена инфузија од раствор на калциум и гликоза.
Четири дена откако болничкиот персонал за прв пат го виде бебето и и го дадоа името Аја, Мааруф изјави за Ал Џезира дека бебето добро напредува.
Околностите за раѓањето на мајката на Аја остануваат непознати, но Мааруф вели дека е многу можно жената да се породила поради шок и дека породувањето продолжило да трае без оглед на тоа што ѝ се случило.
Тоа што спасувачите го слушнале плачот на бебето Аја во урнатините во понеделникот и успеале да ја пронајдат и да ѝ помогнат за неколку часа е „пред сè благодарение на милоста Божја“, вели Мааруф.
Она што изненадува, додаде тој, е дека екстремниот студ што ги попречи спасувачките напори одигра важна улога во преживувањето на бебето Аја.
Поради студот Аја паднала во хипотермија, што всушност е терапија која се користи во болниците за да се спасат бебињата на чиј мозок му недостасува кислород при раѓањето.
Ова ја зачувало нејзината мозочна функција се додека болничкиот персонал не успеал да ја загрее и да започне со лекување…(Ал џезира)







