За жал, уште еднаш, тонот на митингот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора, кои во обидот да влезат во парламентот, со дрва камења  палки нападнаа полицајци, испратија десетици повредени во болниците”, се вели во соопштението на грчката влада во врска со денешните немили сцена за време на протестот против преспанскиот договор во Атина.



„Во нашата демократија, слободното изразување на граѓаните е право кое не може да се преговара, дури и со оние што сакаат да го уништат, бидејќи, како што велат, веруваат дека „демократијата ја продаде Македонија“.

На крај на соопштението се заклучува: „Во исто време, сепак, должност е на оние кои веруваат дека ѝ служат на демократијата не е да им дозволат. Да ги изолираат и недвосмислено да ги осудат“.