Екстрадициски притвор од 40 дена за Палевски во Турција

Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на 14-годишната скопјанка Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, доби екстрадицски притвор од 40 дена во Турција, каде што беше притворен по меѓународната потерница од Македонија.



Македонската амбасада во Анкара испратила допис до Министерството за правда во Скопје, во кој го информира дека добила нота од турското Министерство за надворешни работи како одговор од нотата на Амбасадата од 6 декември, во која известуваат дека, врз основа на дописот од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Палевски во траење од 40 дена, соопшти министерството на Кренар Лога.