„Експрес“ анализира: Становите во Скопје нема никогаш да поевтинат, во Центар квадратот ќе надмине 2.500 евра

Становите во Скопје нема повеќе никогаш да поевтинат, само ќе поскапуваат, оти има кој да купува. Како што веќе објави „Експрес“ во последната анализа, Агенциите за недижности само тоа го потврдија дека е така. Паралелно, бизнисот со недвижности цвета како никогаш до сега. Па така, од огласите може да се види дека цената на стан од околу 40 метри квадратни достигнува и до 80.000 евра. Гарсоњера, пак, од околу 30 квадрати се продаваат и за 50.000 евра, па и над оваа сума. Од Агенциите не очекуваат дека ќе има намалување, можна е само стабилизација одреден период. Поскапувањето генерално се случи со војната во Украина, велат познавачите во гостување на Телма, кога значително се зголемија цените на градежните материјали. Од Агенциите тврдат дека ова што се случува кај нас е состојба и во регионот. Паралелно со квадратот пораснаа и кириите. Од агенциите велат дека речиси и да нема стан за изнајмување со цена под 250 евра.



Околу Центар квадратот и кириите се највисоки, па така во строгиот центар на Скопје квадрарот се очекува да надмине и 2.500 евра. Најчесто за купување, освен во Центар, се бараат во Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, но и во Хром и Влае. Најбарани се оние од 50 и 70 метри квадратни, но и гарсоњерите – кои сега се најспаи, дури и претерано.

Новите станови што ќе се градат со квалитетни материјали може да бидат и поскапи од сегашните, прогнозираат агентите за недвижности и сметаат дека парите се најсигурни токму тука.

Во првиот квартал лани цените на становите имаа раст од 18,8% на годишно ниво, односно од 1,3% на квартално ниво. Во второто тримесечjе од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9%, а на квартално 1,6%. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11%, а во однос на претходниот квартал 2,9%.

Во меѓу време, ќе се градат 140 нови станови во Охрид, но што е проблематично за охриѓани? Една од причините е порастот на туристичката понуда и побарувачката во овој град, кој е под заштита на УНЕСКО и привлекува посетители од целиот свет. Според статистичките податоци, во 2022 година во Охрид имало 1.072.000 ноќевања, што е зголемување од 12,5% во однос на 2021 година. Ова значи дека има потреба од повеќе сместувачки капацитети, како хотели, апартмани и станови.

Друга причина за интересот на градење станови во Охрид е ниската цена на земјиштето во однос на други градови во Македонија. Просечната цена на квадратен метар земјиште во Охрид е 40 евра, додека во Скопје е 120 евра. Ова овозможува поголема профитабилност за градежните фирми и инвеститорите, кои можат да продаваат или изнајмуваат станови по повисоки цени. Но, градењето станови во Охрид не е без свои предизвици и последици.