EUROCONTROL го демантира Ковачевски кој лажел за МНАВ и европската организација
За дури 7% се зголемила цената на станбениот квадрат во главниот град. Сановите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од претходната година поскапе и повеќе од очекуваното, покажува индексот на цени на станови на Народната банка.
Како што анализираме, добар дел од македонските градежници се обидуваат да го искорстат инфлаторниот бран за да создадат вештачка побарувачка за нови станови по цени кои надминуваат 1.800 евра за квадрат во Скопје иако сите показатели покажуваат дека спласнува интересот за градење и за купување станбен простор. Во тоа им помага недостигот од транспарентни и прецизни податоци за цените по кои се продаваат новите и старите станови во различни општини во државата.
Во строгиот центар на Скопје, квадрат веќе не може да се најде под 2.200 евра, зашто како што велат градежниците, цените на материјатлите поскапеле дупло. Во околните скопски населби квадратот е поевтни, но не многу, па така цената се движи од 1.800 до кај 2.000 евра, во зависност од населбата, местоположбата, висината и пред се квалитетот на градбата.

Во првиот квартал лани цените на становите имаа раст од 18,8% на годишно ниво, односно од 1,3% на квартално ниво. Во второто тримесечjе од минатата година растот на годишно ниво изнесуваше 12,9%, а на квартално 1,6%. Намалувањето на цените продолжи и во третиот квартал кога растот на годишно ниво беше 11%, а во однос на претходниот квартал 2,9%.
Претходната 2022 година, пак имаше нагорен тренд, во првиот квартал становите поскапеа за 12,4% на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6% во вториот квартал, од 21,2% во третиот и од 20,6% во четвртиот квартал. Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територија на Скопје, врз основа на податоци коишто се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите кои се занимаваат со прометот со недвижности.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика за издадени одобренија за градење за октомври 2023, во Скопскиот регион е предвидена изградба на 323 нови станови, од кои 194 во Општина Гази Баба, 53 во Центар, 51 во Петровец… Во 2023 година во јануари била предвидена изградба на 183 станови, во февруари 892, во март 97, во април 89, во мај 76, во јуни 217, во јули 73, во август 527, а во септември 216 станови.





