Експлозијата на мостот на Крим – „подарок“ од Киев за роденденот на Путин

По експлозијата поради која се урна дел од мостот на Крим се огласи и украинската армија која не негираше дека е одговорна. Тие порачаа дека претседателот на Русија Владимир Путин треба да биде среќен „бидејќи за роденден добил толку скап подарок“. Вчера Путин беше 70-ти роденден.



Мостот е стратешки важен за руската војска како рута за снабдување со гориво, муниција и друго оружје, така што неговото ставање надвор од функција лесно може да доведе до пресврт на фронтот. Висок украински воен функционер не негираше дека Украина стои зад тој чин, но не го потврди ниту тоа.

„Се што можам да кажам е дека составот со гориво, кој е наменет за снабдување на окупациските сили на југот на Украина, го минуваше мостот“, накратко нагласи тој и инсистираше на анонимност.

После тоа, тој имаше кратка порака до претседателот на Русија, од која може многу да се заклучи.

„Путин треба да биде среќен. Не секој добива толку скап подарок за својот роденден“, рече тој.