Финансискиот криминал во Македонија вртоглаво е зголемен во последните три години, па во 2019 година бил 32 пати поголем во однос на 2016 година!
Според објавените статистички податоци на Управата за финансиска полиција, лани врз државниот буџет е направена штета од околу 9,3 милијарди денари (151 милиони евра), наспроти 287 милиони денари (4,7 милиони евра) во 2016 година.
За споредба, во 2015 година финансискиот криминал достигнал 510 милиони денари (8,3 милиони евра), за во 2017 година да скокне на 5,9 милијарди денари (96 милиони евра), а во 2018 година изнесувал 3 милијарди денари (48 милиони евра).
Минатата година се евидентирани 122 кривични дела поврзани со финансиски криминал, а 68 во 2016 година.
Инфографикот со деталните суми го изработи Коалицијата „Сите за правично судење“, со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
(1 евро = 61,7 денари)






