„Експлозија“ на бројот на странски работници во Србија: За година дена 12.000

Кинези, Руси, Турци, Индијци, Кубанци, Македонци, Украинци, Непалци, Босанци и Црногорци работат во Србија. Според бројките кои ги објавија српските медиуми, над 10.000 Кинези, повеќе од 8.000 Руси, повеќе од 5.600 Турци, скоро 3.000 Индијци, 703 Кубанци и скоро 500 Македонци работат во Србија.



Минатата година во Србија работеле 500 Македонци, од кои 174 се жени, а другите се мажи. Ова го пишува српски Блиц бизнис, повикувајќи се на Националната служба за вработување во таа држава. Со тоа Македоците се на шесто место според бројот на странски работници кај нашиот северен сосед, откако првото и второто место ги зазедоа Кинези и Руси, додека Украинците се после нас, на шестата позиција.

Инаку, лани во Србија работеле точно 35.174 странци, што е за околу 12.000 повеќе од 2021 година. Имено, толку Националната служба за вработување издала работни дозволи на странски државјани во таа земја, потврди за Блиц бизнис Зоран Мартиновиќ, директор на Службата.