Експерт нападнат од Ковачевски: Бугарија наметнува негирање на македонски јазик и историја

Марко Трошановски е еден од експертите кои премиерот Ковачевски индиректно ги нападна на пресот во Брисел кога привремено го одби францускиот предлог со бугарските интереси.



Трошановски кој како шеф на Институтот за демократија заедно со Институтот за европски политики го отфрли веднаш францускиот предлог стана мета на Ковачевски кој без да даде имиња ги прозва ,,експертите со купени дипломи кои создаваат хистерија”.

Првиот човек на Институт за демократија во јавна реакција на напис на американскиот медиум Политико обвинува за непрофесионално или манипулативно новинарство кое има за цел да ги легитимира бугарските шовинистички барања како дел од европските стандарди.

,,Многу лошо новинарство ако врамувањето се прави намерно. Тоа е далеку од компромис и се што наметнува Бугарија е да прифати негирање на македонскиот јазик и историја за да го задоволи пристапот во ЕУ заснован на заслуги. Насловот ја нормализира оваа позиција на Бугарија како конструктивен пристап”, пишува Трошановски за текстот на Политико каде бугарските нецивилизирани барања се претставуваат како нормални критериуми за почеток на преговори.