Експертите прецизно го утврдија прекршувањето на деловникот на Собранието за ЗЈО

Професорот на правниот факултет во Скопје Александар Спасеновски ги цитира законските одредби поради кои законот за Јавното обвинителство извесно ќе падне ако биде поднесена претставка пред Уставниот суд.



Статусот на Спасеновски во целост:

?? Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во #Собранието.
1️⃣ Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето;
2️⃣ Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници (член 97 став 2);
3️⃣ Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање;
4️⃣ Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се #нелегални.
▶️ Повеќе за работата на парламентите, во учебникот “Парламентарно право”: