Бугарски експерти се сомневаат дека „зделката“ на премиерот Кирил Петков за набавка на американски течен гас ги решава енергетските проблеми на Бугарија на која Газпром ѝ ги прекина доставките на руски гас.
„Нема да има намалување на цената на природниот гас, напротив – цената ќе расте“, изјави Бугарското национално радио го изјави експертот за енергија Еленко Божков.
Петков: Американскиот гас е 4 пати поевтин од овој што се продава во Европа
Според него, количината на природен гас што Бугарија ќе ја добие од САД нема да биде доволна за да ги задоволи потребите на потрошувачите.
„Што ќе надоместиме со два танкери од САД, трошиме околу 6 милиони кубни метри гас дневно, а добиеното ќе стигне само за 1 месец.
Тој вели дека од Азербејџан ќе доаѓаат 2 милиони кубни метри гас дневно. Но, ни со тоа нема да се достигнат потребните 6 милиони кубни метри.
„Станува комплицирано“, вели Божков според кој на Бугарија ѝ требаат најмалку 25 танкери годишно.






